Свет Балкан Судот ослободи 758 регрути уапсени по пучот во Турција

Судот ослободи 758 регрути уапсени по пучот во Турција

Истанбулскиот суд денеска ослободи 758 од 989 регрути, кои беа уапсени при истрагата за неуспешниот воен удар извршен на 15 јули во Турција.

Откако дале изјави, Главното републичко обвинителство во Истанбул побара ослободување на овие регрути кои веќе дале изјави, а судот оцени дека нема потреба и понатаму да бидат во притвор затоа што не претставуваат опасност. Меѓу ослободените се наоѓаат и питомци на воената академија.

Повеќе од 9.000 лица, претежно припадници на армијата, се уапсени во акциите по неуспешниот пуч.