Македонија Судењето на Заев за „Пуч“ закажано на 5 август

Судењето на Заев за „Пуч“ закажано на 5 август

На 5 август е закажано судењето на претседателот на СДСМ, Зоран  Заев, за случајот „Пуч“. Судија на судењето ќе биде Љубинка Башевска.

Според обвинението за „Пуч“, Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и тонско снимање, за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски, кој ќе одгoвара за неовластено прислушување и за шпионажа. Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпионажа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи. Петообвинетиот е Бранко Палифров, кој ќе одговара за истото дело како и Заев.