Дописници Студот ја приклешти Битола

Студот ја приклешти Битола

Студот и мразот ја приклештија Битола. Утрово во градот под Пелистер температурата се спушти до -14 Целзиусови степени. Студот ги остави битолските улици речиси празни. Битолчани имаат искуство со поларниот студ во 2011 и во 2006 година кога температурата се спушти и до -38 степени.

Поради испад на 10-киловолтен далновод, од вчера без струја се пограничните села Породин и Лажец, како и селото Драгожани и други помали населби на патот за Демир Хисар.

– Покрај границата со Грција повеќе населени места од вчера се без струја. Но, за среќа, Битола не ја зафати невремето со интензитет како во Западна Македонија, така што патиштата се проодни и утрово екипи на ЕВН се на терен за санирање на штетите, со намера да се обезбеди струја за тамошните жители – вели Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Судот и мразот по улиците и по тротоарите ги натераа битолчани да останат дома, особено зашто тротоарите се неизчистени и движењето за пешаците е отежнато.

Поради ниската температура претпразничната атмосфера не се чувствува на Широк сокак ниту, пак, на зелениот пазар. Иако денска е пазарен ден, во Битола на градскиот пазар има многу малку купувачи, а затворени останаа и многу тезги.

А.Б.