Култура Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт на „Скопско лето“

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт на „Скопско лето“

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, ќе одржи концерт во рамките на „Скопско лето“. Концертот ќе се одржи во Музејот на Македонија, во Куршумли-ан, в четврток, на 9 јули, со почеток во 20 часот, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Организаторите информираат дека во случај на невреме, алтернативен простор ќе биде концертната сала на Домот на Армијата.