Македонија Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите

Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“.

Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите.

Дискусијата на студентите се задржа на две главни теми, кои треба да бидат очекувањата на студентите од студентскиот парламент на УКИМ во однос екстерното тестирање, како и кои активности треба и може да се организираат за Интернационалниот ден на студентите, 17 ноември.