Uncategorized „Студентски пленум“: Не побаравме оставка од министерот Адеми

„Студентски пленум“: Не побаравме оставка од министерот Адеми

Од студентските протести

Министерот за образование Абдилаќим Адеми или не го прочитал писмото што му го достави „Студентски пленум“ за екстерното оценување или свесно манипулира, зашто ние никаде не побаравме оставка од него, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.

„Ние на последниот пленум дискутиравме за таа изјава на министерот и сме зачудени. Писмото го објавивме со печат и во него се гледа дека такво нешто, како барање оставка, не е наведено. Ние го сметаме како свесен обид за ширење дезинформации со кои тој сака да нè стави во партиски контекст. Инаку, најмногу покажавме кој стои зад протестот, а тоа се самоорганизираните граѓани на оваа држава“, се вели во соопштението.