Македонија Студентите ја прекинуваат окупацијата?

Студентите ја прекинуваат окупацијата?

Власта попушти, а студентите кои повеќе од десетина дена ги окупираа факултетите конечно извојуваа победа. Ќе се подготвува целосно нов закон за високо образование, а студентите ќе ја прекинат окупацијата на факултетите, јави „Фокус“, откако студентите донеле ваква одлука на генералниот пленум што се одржа вечерва на Филозофски факултет.

По неколкучасовната напорна работа, студентите го прославиле успехот  со забава.