Македонија Студентите и учениците од Охрид на трибина за пристап до јавни информации

Студентите и учениците од Охрид на трибина за пристап до јавни информации

Работилница ја организираше Мисијата на ОБСЕ

Студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и ученици од општинските средни училишта беа дел од работилница посветена на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, која се одржа денеска во општина Охрид, објавува „Охрид њуз“.

На работилница што ја организираше Мисијата на ОБСЕ, претставници од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен каракер ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со искуства од неговата примена.

Во рамки на дискусијата, било објаснето дека во општината има овластени лица за посредување по барања на граѓани и институции за слободен пристап до информации и нивните годишни извештаи ги усвојува Советот на Општина Охрид.

Пред почетокот на оваа работилница учесниците имаа можност да посетат дел од службите на локалната самоуправа и да се информираaт за начинот на нивната работа.