Uncategorized Студено време со температура до осум степени

Студено време со температура до осум степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од нула до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура до 6 Целзиусови степени.

Во текот на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и од снег.