Македонија Студено и снежно време

Студено и снежно време

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од снег со слаб интензитет, особено во јужните делови од земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има извесно намалување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од -15 до -5 Целзиусови степени, а дневната од -8 до -1 степен.

Во Скопје, во текот на денот ќе има намалување на облачноста и ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -9, а дневната ќе достигне -4 Целзиусови степени.

Во текот на новогодишната ноќ, ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од -15 до -4 Целзиусови степени, а во Скопје до -9 степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.

Најстудено утро се очекува в петок, кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од -5 до 5 степени.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер, повеќе изразен на повисоките места и на планините.

Од сабота се очекува постепено затоплување, односно зголемување на дневната и на утринската температура.