Хроника Велештанец бесправно градел меани и штали покрај Охридско Езеро

Велештанец бесправно градел меани и штали покрај Охридско Езеро

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б. (30) од струшкото село Велешта, кого го товари за бесправно градење и за узурпација на недвижности.

Пријавениот, на почетокот на годинава, почнал доградба на претходно изграден објект во комплексот „Аква блу“ во Струга, на брегот на Охридско Езеро. Објектот го градел на државно земјиште предвидено за плажа, без претходно добиено одобрение за градење, со што постапил спротивно на Кривичниот законик и сторил кривично дело бесправно градење и узурпација на недвижности.

Велештанецот Е.Б. бесправно градел објект за одгледување добиток, на јужната страна на магистралниот пат Струга – Охрид.

В.М.