Македонија Странските инвестиции во првите девет месеци само 45,5 милиони евра

Странските инвестиции во првите девет месеци само 45,5 милиони евра

Вкупниот прилив на странски инвестиции во Македонија заклучно со септември годинава изнесуваа 45,6 милиони евра, соопшти Народната банка.

Странските инвестиции во првите три квартали споредено со истиот период минатата година се помали за 145,6 милиони евра. Во истиот период лани, приливот на странски капитал изнесувал 191,3 милиони евра.

Само во септември, инвестициите биле во минус од 54,1 милион евра, а во август е регистриран одлив од 9,7 милиони евра. Позитивно салдо на странските инвестиции имало во јули, кога е регистриран прилив на странски капитал од 6,1 милион евра.