Економија Странските инвеститори не се задоволни од честото менување на законите

Странските инвеститори не се задоволни од честото менување на законите

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд се сретнаа со претседателот на Советот на странски инвеститори, Хуан Педро Хименез Наваро, информираат од Стопанската комора на Македонија.

Наваро нагласи дека странските инвеститори кои веќе се дел од македонското стопанство, веруваат во самиот систем и со стоа што веќе подолго време се на македонскиот пазар, генерално ја сметаат бизнис-климата добра за стопанисување.

Притоа, тој спомена дека има области во кои е потребно надградување, особено на полето на поголема соработка помеѓу домашните и странските инвеститори, а потребна е и вклученост на државните институции за да се зголеми ефектот.

Според Наваро, некои прашања се надминати како што се задолжителноста на задолжницата, промена во деновите за одмор и слично. Но, неколку значајни прашања сè уште не се реализирани, при што беше издвоена вклученоста на засегнатите страни во процесот за донесување закони и честата промена на законите.