Хроника Странски државјанки без работни дозволи затекнати во тетовски локал

Странски државјанки без работни дозволи затекнати во тетовски локал

Екипа на тетовската полиција рано утрово, при контрола на угостителски објекти во градот, затекнала шест странски државјанки кои работеле нелегално, без работни дозволи.

Како што информираат од полицијата, акцијата била спроведена во угостителскиот објект „Бабилон“, сопственост на тетовецот А.Б. (37).

– При контролата, во внатрешноста на објектот, поточно на подиумот за танцување, биле затекнати шест странски државјанки, од кои пет од Република Бугарија и една од Република Србија, кои немале работни дозволи – информираат од МВР.

Странските државјанки, кои биле на возраст од 24 до 28 години, биле приведени во полициската станица во Тетово и по кусо задржување, предадени се на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и за реадмисија.

Денеска тие биле изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд во Тетово, кој им изрекол парични казни, забрана за влез во земјава и депортирање во нивните матични земји.