Македонија Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

Стотина граѓани се собраа на протест против полициската бруталност пред Владата.

Полицискиот кордон, составен од обични полицајци, а не специјалци, не ги пушта да поминат кон зградата на Владата.

Насобраните велат дека се таму за да го изразат револтот од неразјаснетото убиство на Мартин Нешковски.

Од Владата тие се упатија кон Мисијата на Европската унија.

Претхотдно со едноминутно молчење им одадоа почит на, како што рекоа, „загинатите во денешната акција во Куманово“, а на полицајците им порачаа дека тие не се нивни непријатели туку дека се тоа „оние кои им дале оружје на оние во Куманово“.

Тие велат дека сакаат да покажат дека протестите не завршиле и дека ќе доаѓаат, како што тврдат, „сè додека не падне Владата на Груевски“.

Некои од демонстраните предлагаат поворката да појде и до резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов.