Свет Европа Столтенберг: Зајакнување на НАТО-силите на истокот на Европа

Столтенберг: Зајакнување на НАТО-силите на истокот на Европа

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека се очекува министрите за одбрана да ги одобрат плановите за зајакнување на своите сили на источниот блок на Алијансата.

Столтенберг на прес-конференција во пресрет на дводневниот состанок на министрите за одбрана рече дека со зајакнувањето на силите во Полска и во другите членки во близина на Руската Федерација, ќе биде „испратен јасен сигнал“.

– НАТО ќе одговори на секој облик на агресија кон која било членка – додаде тој.

Мерките што се разгледуваат вклучуваат воена опрема, нова инфраструктура и присутност на мултинационалните сили.

Тоа е дел од договорот на НАТО за кризата во Украина и за руската анексија на Крим во 2014 година.