Свет Европа Столтенберг е подготвен да разговара со Русија за Сирија

Столтенберг е подготвен да разговара со Русија за Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е подготвен да разговара со Русија и укажа дека е неопходна координација за да се избегнат какви било „инциденти или несреќи“ меѓу руските сили и силите предводени од САД, кои се борат против Исламската држава.

Столтенберг рече дека „сè уште е рано да се утврди“ какви се плановите на Русија во Сирија, но наведе дека Москва го зголемила своето воено присуство во земјата.

– Секако, неопходно е да се обезбеди да не дојде до некој инцидент или несреќа – рече Столтенберг, додавајќи дека е неопходно и да обезбеди руското присуство да не ги загрози напорите на коалицијата во борба против Исламска држава.

Според генералниот секретар на НАТО, поддржувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад „не претставува конструктивен пристап за наоѓање решение“.