Свет Балкан Столтенберг: Алијансата е со Турција

Столтенберг: Алијансата е со Турција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата цврсто стои зад својата членка Турција, која е соочена со „ужасни терористички акти“.

– НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата и се солидаризираме со нашиот сојузник Турција. Тероризмот во сите облици никогаш не може да биде толериран или оправдан – изјави Столтенберг на почетокот на вонредната седница на Алијансата, која се одржува на барање на Турција.

Турција побарала состанок на НАТО по минатонеделниот напад во градот Суруч, во кој загинаа 32 лица.
Анкара за нападот ги обвини „терористите“.

Столтенберг не ја коментираше одлуката Турција да почне напади на позициите на џихадистите од Исламска држава и на курдската милиција во Сирија.