Спорт Стефан Кари е најкорисен играч во НБА-лигата

Стефан Кари е најкорисен играч во НБА-лигата

Американските медиуми објавија дека плејмејкерот на Голден Стејт, Стефан Кари, ја добил наградата за најкорисен играч во НБА-лигата. Кари наградата треба да ја добие утре.

Конкуренти на Кари во трката за најкорисен играч оваа сезона му беа Леброн Џејмс од Кливленд кавалерс, Расел Вестбрук од Оклахома тандерс и Џејмс Харден од Хјустон рокетс.

Стефан Кари во регуларниот дел од сезоната имаше просечно 23,8 поени, плус 7,7 асистенции, 4,3 скока и две украдени топки по меч. Тој е и рекордер по бројот на постигнати тројки и со 286 постигнати сезонава, го поправи својот рекорд од минатата сезона (272).