Економија Ставрески за „Макпетрол“: Не очекувам посериозни економски реперкусии

Ставрески за „Макпетрол“: Не очекувам посериозни економски реперкусии

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески не очекува посериозни економски реперкусии од аспект на снабдувањето со нафтени деривати, по блокирањето на сметката на „Макпетрол“.

– Верувам, во голем дел ќе биде решено преку обезбедување на потребните количини на нафта и нафтени деривати од останатите дистрибутери. Верувам дека во одредена временска рамка обвинителствот и судот и ќе постапат, ќе се обезбедат сите докази и блокирањето на сметката да има подруг карактер, односно ќе се канализира во онаа насока што се однесува на трансакциите кои што се засегнати со процесот и постапката што е во тек – изјави Ставрески кој присуствуваше на реконструкција на улица во општина Карпош.