Економија Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис-заедницата во Лондон.

Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и со поволноста на бизнис-климата во Македонија.

– На досегашните состаноци, најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис-заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите што ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната – информира Министерството.