Економија Ставрески: Политичката криза не е добра за стопанството

Ставрески: Политичката криза не е добра за стопанството

Политичката криза не е добра за стопанството на кое му треба стабилност и извесност. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017.

Тој додаде дека би било добро политичката криза што побргу да заврши за стопанството да ги оствари предвидените резултати.

– Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат влошени, меѓутоа сè зависи од тоа дали бргу ќе се дојде до одговор на политичката криза. Добро би било таа што побргу да се затвори за стопанството да ги оствари предвидените резултати – изјави вицепремиерот Ставрески.