Македонија Ставрески од Гостивар: Нема да дозволиме да си поигруваат со стабилноста на...

Ставрески од Гостивар: Нема да дозволиме да си поигруваат со стабилноста на Македонија

Со овие трибини сакаме да покажеме дека сме со народот и во време кога неодговорната опозиција наметна ситуација која никој не ја посакува, рече министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, денеска на трибината на ВМРО-ДМПНЕ во Гостивар и порача дека нема да дозволат никој да си поигрува со стабилноста и со безбедноста на државата.

Ставрески рече дека ова не е првпат СДСМ, кога е во опозиција, своите внатрешни проблеми да ги пренесе на државата. Тој ги повика граѓаните да бидат мудри и сплотени при оценување на состојбата во земјава.

Вицепремиерот истакна дека вистината не се креира врз основа на телефонски разговори.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ги презентираше владините проекти спроведени во изминатите години, притоа истакнувајќи ги оние кои имаат цел да ги намалат стапката на невработеност и сиромаштијата. Тој рече дека деструктивните сценарија на опозицијата нема да го спречат реализирањето на ветените владини програми.