Економија Стапката на невработеност изнесува 24 проценти во второто тримесечје

Стапката на невработеност изнесува 24 проценти во второто тримесечје

Во второто тримесечје од годинава, стапката на невработеност изнесува 24 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на активно население е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 се невработени.

Во однос на првиот квартал, стапката на невработеност е намалена за 0,5 отсто.