Македонија Стабилно и суво време со ниска утринска температура

Стабилно и суво време со ниска утринска температура

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -13 до -5 Целзиусови степени, а дневната од -5 до 2 степена.

Во Скопје се очекува слично време, сончево, со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне -1 Целзиусов степен.

Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво време, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на температурата, а позначително затоплување ќе има во деновите од викендот.