Македонија Стабилно и сончево време со слаба магла во котлините

Стабилно и сончево време со слаба магла во котлините

Времето денеска ќе биде сончево, а во одделни котлини и по речните долини се очекува појава на слаба магла во утринските часови. На планините и на повисоките места ќе дува слаб југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус 4 Целзиусови степени до нула, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 9 Целзиусови степени.