Македонија ССМ: На отворено да се работи до 17 часот и да се...

ССМ: На отворено да се работи до 17 часот и да се зголемат контролите на градилиштата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се почитуваат мерките на Владата за заштита од загадениот воздух што почнаа вчера. Лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата и да се ограничи до 50 отсто употребата на службените возила.

Според ССМ, секоја институција треба да дејствува во својот домен.

– Министерствата за животна средина и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да ја спроведат забраната за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено, како и да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба, наведува ССМ во денешното соопштение.

Синдикатот потсетува дека МВР треба да ги спроведе Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, да се користи обиколницата, а општините се должни да ги реализираат издавањето на одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7.30 часот.

„Градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност, а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро“, додаваат од ССМ.