Хроника Српски државјанин фатен при шверц на 29 илегални мигранти

Српски државјанин фатен при шверц на 29 илегални мигранти

Вчера, околу 7.30 часот, на стариот пат Удово – Демир Капија, полициски службеници откриле 29 илегални мигранти при контрола на возило со српски национални ознаки, информираат од МВР.

Товарното возило, марка „ивеко“, го управувал 23-годишен српски државјанин со иницијали Н.Т. Против него е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Според полициските информации, од мигрантите откриени во возилото, четворица биле од Пакистан, а 25 биле Авганистанци.