Хроника Српски државјанин е пронајден мртов во камион на Качанички пат

Српски државјанин е пронајден мртов во камион на Качанички пат

Во камион со српски регистарски ознаки, вчера околу 07.30 часот на ул. Качанички пат во Скопје, бил пронајден починат Н.Ј. (37) од Србија, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а камионот бил запечатен за понатамошна постапка.