Македонија Средношколците од тетовската гимназија на протест

Средношколците од тетовската гимназија на протест

Средношколците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“,  утрово излегоа на протест во дворот на училиштето каде што се следи настава на македонски, револтирани од инцидентот кој се случи на 28 ноември, кога со нож беше избоден средношколец.

Тие побараа подобри услови и безбедност.

Директорот на гимназијата, Намикќемал Мустафа, ги сослуша родителите и им вети дека барањата ќе ги пренесе до надлежните.

Во петокот беа повредени четворица средношколци, од кои едниот потешко.