Македонија Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН

Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН

Средношколците од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор. Тие утринава побарале дозвола од МВР за кампување пред оваа институција и чекаат таа да им биде доставена. Сепак, велат дека и ако не добијат дозвола, тие ќе се стационираат пред Министерството.