Македонија „Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

„Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

„Средношколски пленум“ реагира на денешната средба на Министерството за образование и наука со Унијата на средношколци, кои договорија дека математиката нема да биде задолжителна во полагањето на државната матура. Тие велат дека се дополнително изреволтирани од манипулациите и дека ќе продолжат погласно и посилно од кога било со барањата кои се направени од средношколците за средношколците.

„Средба со некоја нелегитимна средношколска унија. Барања кои не се дел од „Средношколски пленум“. Огромните дупки во екстерното занемарени. Мислите, ставовите и аргументите на „Средношколски пленум“ повторно газени без никаков срам, без никаква грижа. Дополнително изреволтирани од ваквите манипулации, продолжуваме погласно и посилно од кога било со нашите барања – барања направени од средношколците за средношколците“, пишува на фејсбук-страница на „Средношколски пленум“.