Македонија Средба на работните групи за реформи во медиумите

Средба на работните групи за реформи во медиумите

Денеска во Клубот на пратеници продолжуваат преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино за излез од политичката криза. Учесници во преговорите пренесуваат дека дебатата се повторува и дека нема приближување на ставовите.

Според неофицијални информации, СДСМ сака да се укине владиното рекламирање, а власта сака тоа да оди според некаква методологија. Понатаму, партиите имаат несогласување околу Агенцијата за медиуми, како и за МРТВ како јавен сервис.

Рокот за да постигнат договор е до петок, а има многу отворени прашања.