Македонија Средба на престедателот на Судскиот совет со претставници на УПОЗ

Средба на престедателот на Судскиот совет со претставници на УПОЗ

Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет, за денеска закажа средба со претставниците од судовите и од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ).

Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски, вели дека Караџовски најверојатно ги свикал за да ги слушне нивните барања.

Според синдикатот на судската администрација, на вчерашната седница на Судскиот совет се разгледувале две точки кои се важни за судската администрација.

Од УПОЗ велат дека според првичните и неофицијални сознанија, вработените што протестираа ќе добијат само 60 отсто од платата, односно 40 отсто ќе им бидат скратени затоа што протестирале.

Судските службеници велат дека ако власта не ги исполни барањата, ќе почнат и штрајк со глад.