Македонија Средба на Чавков со амбасадорот Бејли и со генерал Фрејзер

Средба на Чавков со амбасадорот Бејли и со генерал Фрејзер

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска во просториите на Министерството ги прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Џес Бејли, и генералот Вилијам Фрејзер Трети, кој е на чело на делегација на армијата на САД што, во рамки на програмата „Капстон“, е во посета на нашата земја.

Во кусото соопштение од МВР се вели дека, меѓу другото, на средбата било разговарано за „одличните и долгогодишни релации меѓу Република Македонија и САД, како и околу теми од сферата на безбедноста“.