Maqedoni Скопскиот инспекторат во контрола на градски автобуси

Скопскиот инспекторат во контрола на градски автобуси

Инспекторатот на Град Скопје денеска вршел контроли на автобусите од градскиот јавен превоз, јави „Порталб“.

Мета на градските инспектори биле и ЈСП Скопје и претпријатијата на приватните автобуски превозници  – Слобода Превоз и Макекспрес, потврдил Главниот градски инспектор Мирослав Богдановски.

– Имавме поплаки од граѓаните и сега се вршат инспекции на сите автобуси, и од ЈСП и од приватните превозници. Преку ГПС се следат автобусите, кој не стигнал, кој задоцнил на постојка и дали се движат во правилната лента. Околу техничкиот аспект, ние не го контролираме тој дел – вели Богдановски.

На овие проверки им претходеа проверки од сообраќајната полиција во Скопје на автобуси кои тргнувале или пристигнувале во Скопје, а проверки се правеа и во Гостивар. Проверките уследија по трагичната сообраќајка кај Ласкарци на 13 февруари, во која загинаа 13 лица, а потоа починаа уште тројца од тешко повредените. Последната е 19-годишна девојка, која починала денеска на КАРИЛ.