Bota Ердоган предлага заеднички исламски фронт против тероризмот

Ердоган предлага заеднички исламски фронт против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска испрати апел до муслиманските земји да направат заеднички исламски фронт против тероризмот и расизмот.

– Можеби можеме да говориме за различните јазици, можеби доаѓаме од различни краеви и имаме различно потекло, но, кога се соочуваме со тероризмот и со расизмот, ние тие разлики мора да ги ставиме настрана – рекол Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.

Тој отворено ги осуди џихадистите на Исламска држава, кои под контрола држат територии во Сирија и во Ирак и, како што рече, убиваат муслимани во име на исламот.