Македонија Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

По отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11 илјади евра

фото: Царинска управа

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата. Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото.

Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава од Грција. Во товарното возило со грчки регистарски ознаки, со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки.

Заради извршување на детален преглед, возилото било пренесено во царински склад, каде, по отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11 илјади евра.

По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело криумчарење на стока.