Македонија Спречен инцидент кај „Автомакедонија“

Спречен инцидент кај „Автомакедонија“

Инвеститорот на катната гаража што треба да се гради кај „Автомакедонија“, денеска со синџир и со тараби го огради просторот, а на комби од фирмата постави камера, објави „А1 он“.

Граѓаните од околните згради се насобраа револтирани бидејќи сметаат дека тука нема место за катна гаража и поднесоа претставка до МВР бидејќи биле спречени во движењето, како и поради неовластено снимање од страна на „Никофон“.

– Газдата на „Никофон“, во 9.30 часот, заедно со неколку луѓе, безобразно загради дел од паркиралиштето, со што ни оневозможи слободно движење и пристап до нашите домови“, пишува во претставката од граѓаните до МВР.