Македонија Според анкетата на „Димитрија Чуповски“, ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност пред СДСМ

Според анкетата на „Димитрија Чуповски“, ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност пред СДСМ

Новата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 28,1 отсто од испитаниците, за СДСМ – 15 отсто, за ДУИ – 5,7 отсто, а за ДПА – 2,2 отсто.

Истражувањето покажува дека за Беса би гласале 3,9 отсто од анкетираните, за Алијансата за Албанците – 1,8 отсто, а за Левица и за коалицијата ВМРО за Македонија – по 1,5 отсто.

За одговорот „не знам“ односно „немам одговор“ се одлучиле 10,3 отсто од прашаните, а дека нема да гласаат за ниту една партија рекле 30 отсто од испитаниците.

Анкетата била спроведена телефонски од 1 до 3 декември на 1.150 испитаници на ниво на целата територија на Република Македонија, во сите изборни единици со можност за статистичка грешка од 2 проценти.