Македонија Специјалниот обвинител ќе има тим обвинители, преговорите продолжуваат

Специјалниот обвинител ќе има тим обвинители, преговорите продолжуваат

По вчерашните маратонски преговори на работните групи, кои траеле до 2 часот по полноќ, договор нема, но има приближување на позициите за едно од најспорните прашања – тимот со кој ќе работи обвинителот.

Претставниците на партиите потписничкии на Договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата со прислушување и на случајот „Пуч“.

Сè уште не е договорено колку помошници обвинители ќе има и дали за тоа ќе одлучува специјалниот обвинител како што инсистираше ЕК.

Олеснувачот Питер ван Хојте инсистирал законот да се затвори уште на вчерашните преговори за денеска партиите да се фокусираат на имињата за специјален обвинител.