Македонија Спасовски се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Спасовски се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна делегација на ад хок комисијата за набљудување на изборите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, информираат од МВР.

„Спасовски со делегацијата на ад хок комисијата разговараше за парламентарните избори на 11 декември и за улогата на МВР во обезбедувањето фер и веродостоен изборен процес. Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе направи сè што е потребно за да можат граѓаните самостојно да ја донесат својата одлука на 11 декември. Исто така, тој ја истакна одлучноста дека не дозволи какви било злоупотреби на институцијата од која било политичка партија“, се вели во соопштението од МВР.