Македонија Спасовски и Микулеску разговараа за политичката состојба во Македонија и за бегалската...

Спасовски и Микулеску разговараа за политичката состојба во Македонија и за бегалската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше состанок со шефот на Канцеларијата на ОН во Белград (UNOB) и воедно специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на ОН, Симона-Мирела Микулеску, соопшти МВР.

На состанокот било разговарано за политичкиот развој на настаните во Македонија и во регионот, како и за намерите и за можностите на Македонија, односно нејзиното МВР, за идно можно зголемување на придонесот во мировните операции на ОН.

„Позитивно беше оценет придонесот на РМ во рамките на ОН, а во контекст на зачувување на мирот во светот, од страна на министерот Спасовски беше истакната нашата јасна определба за насочување на сите расположливи капацитети во согласност со нашите можности, за идно можно учество во мировните операции на ОН“, стои во соопштението.

Од МВР велат дека двајцата соговорници разговарале и за бегалска криза и за начините за нејзино решавање, како и за одржување на политичката стабилност и доследно суштинско почитување на Договорот од Пржино за враќање на довербата на граѓаните кон институциите.