Македонија Спасов: Предлог-законот за инвалидност е клучна реформа

Спасов: Предлог-законот за инвалидност е клучна реформа

Министер за труд и социјална политика, Диме Спасов

Со новиот предлог-закон за инвалидност ќе се зголеми јавната свест и ќе се подобри пристапот на лицата со инвалидност до работни места, изјави Диме Сапсов, министер за труд и социјална политика, на денешната јавна дебата за ова законско решение.

– Ова е клучна реформа која треба да го подобри вработувањето на лица со инвалидност и да овозможи нивна поголема инклузивност. Не само да ја подигне јавната свест на институциите и на компаниите, туку да влијае на подобрување на пристапноста на инвалидите во Република Македонија – изјави Спасов.