Македонија Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро, сопственикот изгубил контрола поради...

Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро, сопственикот изгубил контрола поради невремето

Едрилицата била пронајдена на околу 7 километри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Сопственик на пловен објект – едрилица, на која, покрај него, се превезувале уште четири лица, изгубил контрола врз објектот поради невремето и поради кршење на крмен лист. Настанот се случил вчера околу 19 часот, по што случајот бил пријавен во СВР Охрид, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ веднаш излегле на терен и околу 19 часот и 25 минути ја пронашле едрилицата, на околу 7 километри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Спасени и безбедно пренесени до полициската станица биле 55-годишниот сопственик и управувач на едрилицата, заедно со другите лица кои се превезувале на неа – сите во добра здравствена состојба, без повреди.

edri