Македонија Советот за етика во медиумите утре ќе одржи годишно собрание

Советот за етика во медиумите утре ќе одржи годишно собрание

Утре ќе се одржи редовното годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со почеток во 11 часот, во хотелот „Квинс“ во трговскиот центар „Зебра“ во Скопје.

СЕММ е саморегулаторно тело за унапредување и за заштита на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија, преку примена на морални санкции кон тие што не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите.

Целите на СЕММ се:

  • Заштита на слободата на медиумите и на правото на јавноста да биде информирана;
  • Спречување на влијанието на државата, политичките партии и на другите центри на моќ врз медиумите;
  • Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање поплаки за медиумските содржини;
  • Промовирање квалитет во медиумските содржини, усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и на новинарите;
  • Подигање на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои медиумите треба да ги почитуваат;
  • Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката;
  • Олеснување на пристапот на публиката до медиумите;
  • Унапредување на етичкиот кодекс на новинарите и
  • Намалување на сите форми на цензура и самоцензура во новинарството.