Македонија Советот за безбедност утре ќе одржи седница поради состојбата со ковид-19

Советот за безбедност утре ќе одржи седница поради состојбата со ковид-19

Извор: Претседател на РСМ

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре, 29 октомври 2020 година, со почеток во 11:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе одржи седница, информираат од претседателскиот кабинет. 

„На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе даде изјава за медиумите.