Свет Советот за безбедност ја отфрли палестинската резолуција

Советот за безбедност ја отфрли палестинската резолуција

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа ја отфрли палестинската резолуција со која се бара ставање крај на израелската окупација до декември 2017 година.

Осум држави гласаа „за“, две беа против, САД и Австралија, а пет беа воздржани, што немаше доволно за да се усвои бидејќи потребни беа девет гласа „за“.

За резолуцијата, која ја поднесе официјален Аман, гласаа Русија, Кина, Франција, Јордан, Чад, Луксембург, Аргентина и Чиле, а воздржани беа Велика Британија, Руанда, Литванија, Јужна Кореја и Нигерија, која во последен момент се премисли и наместо да гласа „за“, како што се очекуваше, на крај гласаше воздржано.

Еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини оцени дека резултатот од гласањето укажува дека е неопходно итно обновување на преговорите меѓу Израел и Палестинците.