Македонија Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за утре

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за утре

Седницата на Советот на јавни обвинители, која беше закажана за денеска во 10 часот, е одложена за утре во истото време. Од службите на Советот соопштија дека изјави ќе нема, без да кажат дали на утрешната седница точка на дневен ред ќе биде и изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално дознава „Мета“.