Дописници Социјалните станови во Кочани засега се само проект

Социјалните станови во Кочани засега се само проект

Доцни изградбата на социјалната зграда во Кочани, која беше предизборно ветување на локалните избори во 2013 година.

Социјалната зграда со 43 стана требаше да биде готова до декември минатата година.

Според раководителот на кочанската подружница на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Анче Трифунов, почетокот на проектот е објавен, а во тек е постапката за избор на изведувач на градежните работи.

Зградата е предвидена за лица во социјален ризик.

Освен оваа зграда, во Кочани се планира изградба на пет куќи за семејства во социјален ризик. Општината, според Трифунов, веќе одредила локации, а во тек е изработка на проект.

Вакви индивидуални социјални куќи во Источна Македонија ќе се градат во уште две општини – по пет куќи во Делчево и во Виница.